Шпанскиот тенисер, Пабло Карено Буста раскажа како коронавирусот влијае на играчите.
– Немав проблеми со парите затоа што заработив доволно пари. Но, јас познавам тенисери кои сега живеат со пари на нивните родители. Немаме можност да работиме и да заработуваме, додека трошиме многу на плати за тренери и технички персонал. Во нашето општество, спортистите се сметаат за богати. Но, има такви кои не заработуваат толку многу пари, изјави Буста.
Поради пандемијата, сезоната е прекината до 13 јули.