Кристијано Роналдо ќе остане во тимот на Јувентус за следната сезона. Ова е категорична позиција на раководството на клубот, пренесе денес „Калчомеркато“, повикувајќи се на извори од гигантот од Торино.

Во последните неколку месеци се шпекулира дека португалската суперѕвезда наскоро ќе се врати во неговиот поранешен клуб Реал Мадрид, но досега нема остварени контакти меѓу двете страни.

Во моментов Роналдо собира нето плата од 31 милион евра по сезона, што би претставувало проблем за секој клуб, со оглед на сложената финансиска состојба во светот предизвикана од пандемијата од коронавирусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2020 23:17