Британскиот поп-пејач Ед Ширан подарил еден милион фунти во добротворни цели и за борба со коронавирусот, објави „Сан” повикувајќи се на близок пријател на музичарот.

– Времињата се ужасни и Ед сака да направи колку што може, за да помогне. Тој е многу ангажиран со олеснувањето на положбата на тамошното население и знае дека донациите ќе направат голема промена, вели пријателот кој претпочитал да биде неименуван.

Пејачот ги подарил парите на градот Ипсвич и на својот округ. Ширан сега живее во областа Сафок, источна Англија – каде што и го минал детството.

Ширан сега се наоѓа во самоизолација во својот семеен дом, наводно, поставувајќи си ја амбициозната задача – да напише по една песна на ден.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2020 11:30