Радикалните промени во музичката индустрија, како што е Интернет-стримингот, се возбудлива можност да „се избруси личното искуство“, смета поп-sвездата Џастин Тимберлејк.

Тимберлејк неодамна ја продуцираше филмската музика за цртаниот филм „Тролови: Светска турнеја“, каде што има и своја улога. Филмот првично требаше да се појави во кината месецов, но сега, како што пренесува ДПА – во услови на ограничувања поради коронавирусот, ќе може бесплатно да се гледа на интернет.

– Долго сум дел од музичката индустрија и следев како се менува целиот тој пат од каде што започнав. Мислам дека тоа е возбудливо. Она што е одлично за музиката денес, е тоа што може да составите своја плејлиста и таа да трае дури 24 часа… Сметам дека тоа е одлично!, изјави пејачот за агенцијата ДПА.

Како што вели, особено е воодушевен од можноста притоа да се открие нешто што луѓето дотогаш не го знаеле… – Нова музика, и тоа – на многу полесен начин, додава тој. Тоа е она што е возбудливо, додава тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2020 11:06