Службите на Општина Аеродром денеска вршат повторна дезинфекција на јавните површини како една од мерките за заштита од Ковид-19.

Дезинфекција се врши на пешачките патеки, парковите, клупите за седење, детските и спортските игралишта.

Општина Аеродром апелира до граѓаните да останат дома и да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2020 12:13