Словенечкиот претседател Борут Пахор им се извини на граѓаните, бидејќи за време на неговата вчерашната посета на границата кон Хрватска, не носеше заштитна маска цело време.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, Пахор со министерот за одбрана Матеј Тонин беше во посета на армијата и полицијата распоредена на јужната граница, но беше фотографиран во момент кога немаше ставено заштитна маска, што предизвика реакција кај јавноста.

Пахор денеска се извини, кажувајќи дека ги прифаќа сите критики за неговото однесување.

Истото го направи и министерот за одбрана Тонин.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2020 01:26