Пилотот на Ферари, Шарл Леклер победи на виртуелното Гран-при на Кина, што се одржа во неделата вечерта. 22-годишниот пилот од Монако оствари втора последователна победа, откако пред две недели ја освои виртуелната трка за Големата награда на Виетнам.

Втор во виртуелниот натпревар беше пилотот на Ред Бул, Александар Албан, кој беше 2,5 секунди зад Леклер.

Трет дојде професионалниот гејмер Гуану Чоу. Кинезот, кој победи на првата виртуелна трка во март, избраа автомобил Рено.

Вкупно над 60,000 гледачи го гледаа настанот во живо на платформата „Твич“. Во неа учествуваа вкупно 18 пилоти, од кои шестмина професионалци.

Меѓу другите најпопуларни имиња беа оние на голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, кој заврши на 15-то место со Ред Бул, и напаѓачот на Лацио Чиро Имобиле, кој заврши на 17-то место со Алфа Таури.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2020 12:14