Холивудската ѕвезда Бред Пит се појави како синоптичар во популарното шоу „Некои убави вести” на Џон Красински.

Оскаровецот од „Беше еднаш во Холивуд“, од својот балкон одговараше околу тоа какво е времето кај него.

– Времето… Хмм… Изгледа добро, гласеше кусата оценка на Бред, во негов стил, во „јавувањето во живо“ што траеше неколку секунди.

Интернет-емисијата на Красински, како основна идеја, има за цел да објавува само убави вести. Најпривлечни за гледачите, се чини, се „изненадувачките гостувања“ на светски познати ѕвезди. Досега се прикажаа четири емисии, но Јутјуб-каналот во овој миг има повеќе од два милиона претплатници.

Меѓу другите светски познати гости во емисијата, досега беа Били Ајлиш со брат ѝ, групата „Џонас брадерс”, како и комичарот Стив Карел, со кого Красински глумеше во ТВ-серијата „Канцеларија“.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2020 11:30