По повод Денот на планетата Земја, Елизабет Харли ги почести своите следачи на Инстаграм со разголена фотографија.

Покрај неа, глумицата повика да се поддржи организација „Space for Giants” (Простор за џиновите), со седиште во Кенија, која се залага за заштита, пред сѐ – на африканската дивина и природната околина.

„Честит Ден на Земјата. Уништувањето на животната средина и незаконската трговија со диви животни доведуваат до смртоносни пандемии. Подржете ја @spaceforgiants и нивната кампања #AHealthyEarth (За здрава Земја), заради заштита на природата и сиот живот на планетата“, порача Харли под сликата.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2020 11:02