Словенечките здравствени власти објавија дека во земјата не се регистрирани нови починати лица како последица од Ковид-19, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Вчера во земјата се направиле вкупно 1.268 нови тестирања за вирусот, а позитивни биле само 13.

Намалување има на бројот на пациенти кои се лекуваат во болниците, па така сега тој изнесува само 80, а на одделенијата за интензивна нега се третираат 23 лица со потешка форма на болеста.

Во изминатите 24 часа, вкупно шест пациенти се отпуштени од болница.

Во земјата од почетокот на епидемијата со новиот коронавирусот се направени речиси 47.000 тестирања, што ја сместува Словенија во групата држави со најголем број тестирања по глава на жител.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2020 14:36