Здружението на новинари на Република Српска, по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите, денеска го прогласи Џулијан Асанж за почесен член на тоа здружение.

Во соопштението на УНРС се наведува дека не е неопходно да се објаснува овој потег, особено не на оние кои се занимаваат со прашањето за слободата на говорот и мислата, бидејќи, како што се наведува, „Асанж стана вистински маченик за овој идеал во светот“.

Здружението истакна дека сака да го сврти вниманието на домашната јавност на тоа дека Џулијан Асанж е пред екстрадиција, од која го дели уште едно рочиште.

„Она што е неприфатливо од гледна точка на светската медиумска сцена и меѓународното право е тоа што сакаат да го затворат во Соединетите Американски Држави, чиј државјанин не е, како ниту државјанин на Велика Британија, која го уапси откако го извлече од Амбасадата на Еквадор. Уште полошо, тоа го прават поради сите оние работи кои се загарантирани со вториот амандман на Уставот на САД, а кои се однесуваат на слободата на говорот и печатот“, се наведува меѓу другото во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2024 05:41