Граѓаните на Унгарија и Србија од денес ќе можат да ја преминуваат границата, доколку работат во соседната земја или обработуваат земјиште од другата страна на границата, објави на својот Фејсбук профил унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто.

Граѓаните на Србија по влегувањето во Унгарија, ќе бидат прегледани со мерење на нивната температура, а ќе треба да достават и потврда дека работат или имаат земја во Унгарија и дека се наоѓаат во круг од 50 километри од двете страни на границата.

Преминувањето ќе биде овозможено на три гранични премини – Реске (Хоргош), Томпа (Келебија) и Херцегсанто (Бачки Брег), соопшти РТС.

Сијарто истакна дека ова е резултат на договорот со српските власти, а на барање на народните пратеници и голем број граѓани во двете држави.

Министрите за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ и Унгарија, Питер Сијарто, се сретнаа денес на преминот Хоргош да ја потврдат оваа одлука.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2020 19:42