Мобилни тимови од Општина Аеродром и Црвен крст денеска посетија повеќе социјално ранливи семејства од општината и им доделија пакети со неопходните прехранбени продукти.

Од Општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин се заблагодаруваат на фирмата „Душегупчани“ за донацијата, како и на тимовите на волонтери за покажаната висока општествена одговорност кои излегоа во пресрет на оние лица на кои им е неопходна помош.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2020 13:42