Пилотот на Ферари, Шарл Леклер го сподели своето мислење за битките на патеките против Луис Хамилтон.
Според Леклер, во Формула 1 трките, за да се биде поуспешен од Британецот треба максимум, но и тогаш е тешко тој да биде совладан.
– Луис е неверојатно паметен. Учам нешто ново секој пат кога ќе се борам со него на патеката. Благодарение на неговото искуство, тој секогаш знае што ќе правите во следниот момент, токму затоа тој е толку добар на трките. Не е многу агресивен, тој секогаш се однесува правилно, но во исто време секогаш ги предвидува вашите постапки, истакна Леклер.