Извршниот комитет на Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука да ги откаже сите квалификациски бараж натпревари за пласман на СП 2021 во Египет.
Од Европа на СП 2021 во Египет директно се пласираа 14-те најдобри репрезентации од ЕП (Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција и Данска).
Македонија на ЕП заврши на 15-то место, а за противник во бараж дуелите за пласман на СП 2021 ја имаше репрезентацијата на Франција.
Откажани се и квалификациските натпревари на женската сениорска репрезентација. Нашата репрезентација беше во група со Шведска, Чешка и Португалија. Во групната фаза нашата репрезентација по две одиграни кола имаше два пораза од селекциите на Шведска и Чешка.
Од таборот на нашата ракометна федерација најавија дека Македонија ќе бара вајлд-карта за учество на СП.
„За нас нема никакви дилеми дека ќе аплицираме за вајлд-карта и искрено се надеваме дека ќе ја добиеме. Нашата репрезентација со години наназад е дел од светските и европските шампионати и веруваме дека заслужуваме место во елитата и на собирот во Египет, изјави генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски.