Европската ракометна федерација потврди дека се откажани осминафиналните и четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите. Тоа значи дека се откажани и двата натпревари на македонскиот првак Вардар што требаше да ги игра против ПИК Сегед.

Пандемијата на коронавирусот ја натера ЕХФ да ги откаже овие натпревари и да ги испрати на завршниот турнир во декември најдобрите четири екипи во групната фаза.

Претходно веќе беше потврдено дека во „Ланксес Арена” во Келн завршниот турнир ќе се одржи на 28 и 29 декември.

ЕХФ админстративно без играње на Ф4 ги испрати Барселона, ПСЖ, Веспрем и Кил. Тоа се екипите што ги освоија првите две места во групната фаза, па како најдобри од регуларниот дел се здобија со шанса да играа во Келн. Ова значи дека Вардар нема да има шанса да ја брани титулата.

Нема да се играат ниту баражи за ракометниот Мундијал 2021, што значи дека македонската репрезентација која требаше да игра двомеч со Франција, ќе остане без пласман на СП.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2020 02:13