Отвореното првенстви на САД би можело да се одржи во Индијан Велс оваа година, според „Марка“.

Њујорк, каде традиционално се одржува Гренд-слем турнирот, е еден од градовите најмногу погодени од пандемијата од коронавирус, а спортскиот комплекс во моментов се претвора во привремена болница. Калифорнија, каде се наоѓа Индијана Велс, има поголема веројатност порано да се опорави од коронавирусот.

Индијан Велс е домаќин на еден од најголемите турнири на АТП и ВТА календарот, така што инфраструктурата е во можност да биде домаќин на натпревари од Гренд-слем.

Турнирот во Индијан Велс беше првиот што не се одржа оваа година заради кризата со коронавирусот.

УС Опен треба да започне на 24 август.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2020 15:16