Претседателот на Шпанската фудбалска лига Хавиер Тебас изјави дека клубовите кои не сакаат да играат пред празни трибини ќе бидат казнети со намалување на бодовите.

– Кога ќе добиеме дозвола да играме и одреден клуб не сака да ги исполнува новите услови, тогаш ќе има казни. Ќе има одземање бодови. Мораме да бидеме искрени со сите и да го завршиме шампионатот, им порача Тебас на шпанските прволигаши.

Шпанското првенство беше стопирано во март поради пандемија на коронавирус.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2020 19:53