Трката во Формула 1 за Големата награда на Франција која требаше да се одржи на 28 јуни на пистата во „Ле Кастел“ е откажана, објавија организаторите.

Ова се должи на пандемијата со коронавирус, поради што најбрзата сезона сè уште не започна.

– Предвидувањето на еволуцијата на состојбата со ширењето на вирусот нема да ги земе предвид одлуките што ги објави француската држава кои го прават нашиот настан невозможен, се вели во изјавата на директорот.

Француското Гран при требаше да биде десетто од календарот оваа сезона.

Евентуален почеток на Ф1 шампионатот е можан на 5 јули со австриското Гран при.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2020 12:28