Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за рибарство и аквакултура во изминатиот период донесе повеќе решенија за забрана за риболов во риболовните води во држвава.

Според МЗШВ, забраната за вршење риболов во риболовните подрачја, риболовните зони, риболовните ревири и рекреативните зони за различните видови риби се носи заради овозможување непречен природен мрест на рибите и зачувување на рибниот фонд.

-Периодот на природниот мрест на рибите е утврден во Риболовните основи за секоја риболовна вода поединечно, а се носи врз основа на одобрените годишни планови за заштита и стопанисување со рибите за 2020 година и поединечните барања за одобрување на период за забрана на риболов доставени од концесионерите на рибите. Прегледот (рокот) на периодот на забрана за риболов за одделни видови риби и риболовни води е објавен на страната на Македонската риболовна федерација и може да го погледнете на следниот линк: www.mrf1952.mk, наведува Министерството.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2020 13:32