Два пожара на отворено се регистрирани изминатото деноноќие. Еден пожар во Скопје, друг во Битола, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пожарникарите на Град Скопје од вчера во 14:10 до 15:10 часот гаснеле запалено ѓубре на улицата „Скупи“ во општина Карпош, на површина од 500 метри квадратни. Интервенцијата ја извршиле со едно противпожарно возило и двајца пожарникари.
Битолските пожарникари вчера од 14:11 до 15:15 часот со едно противпожарно возило интервенирале на запалена дива депонија во населбата „Баир“.
- Вкупно 1.588 повици се регистрирани на Единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ - 54,85 отсто, а 45,15 проценти - за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 61,03 проценти, кон Итната медицинска помош - 35,66 отсто, кон пожарникарите - 1,84 проценти, а кон АМСМ - 0,37 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, се наведува во денешното соопштение