Посебните мерки да не се шири коронавирусот го одложија отварањето на понудите за изградба и реконструкцијата на црквата „Свети Власиj“ на тврдината Исар во Штип. Проектот се реализира со европски средства преку Програмата за меѓугранична соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија. Директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Драгица Здравева вели дека отварањето на понудите сега е закажано на 7 мај.

-Нормално овде имаше едно одредено одложување на отварањето, бидејќи покрај Комисијата, којашто е од пет члена требаше да дојдат и понудувачите и автоматски се зголемува бројот на учесници, па беше одложено и сега е закажано за 7 мај и таа средба мора да се одржи и да се избере најдобар понудувач за да може да почне со работата на црквата, вели Здравева.

Посочи дека ја радува што сепaк градежните работи се одвиваат за реконструкција на Мултикултурниот центар во Кочани, додека за наредното тромесечие се одложени реализацијата на меките мерки во овие проекти, коишто тие како Центар ги реализираат.

-Тоа се однесува на одржување на прес-конференции, одржување на работилници, одржување на конференции. Очекувам после месец мај кога ќе олабават мерките, доколку не може да се одржуваат физички, во тој случај некој од активностите мора да одиме и да ги спроведеме онлајн, вели Здравева.

Таа истакна дека реконструкцијата на Мултикултурниот центар во Кочани треба да се реализира до јуни 2021, а додека изградбата и уредувањето на и околу црквата Свети Власиj на штипската трврдина Исар треба да се реализира до септември 2021 година. Очекува ситуацијата во тој период да се нормализира и се да биде завршено во рокот, согласно потпишаниот договор.

Здравева вели дека што се однесува за проектите кои се финанасираат преку Бирото за рамномерен регионален развој сите се реализираат, а за новите проект кои се финансираат за 2020 година за дел јавната набавка е реализирана, додека за изградба на платформата за паркинг на реката Отиња, кај штипскиот Здравен дом, очекува да се реализира во текот на неделава, по што ќе следи и реализација и на набавката и на 11 метереолошки мерни станици.

Забележа дека како Центар за развој на источниот плански регион ги почитуваат сите заштитни мерки, кои се дадени од Владата, со заштита на вработените, а истовремено без никакви проблеми да ги реализираат сите работни активности поврзани со проекти значајни за општините од источниот регион.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2020 15:44