Познатиот американски театарски глумец Ник Кордеро е зависен од респиратор откако вчера разви треска како компликација од новиот коронавирусот.

Актерот од Бродвеј се бори со вирусот веќе неколку недели.

– Лекарите не можат да го тргнат од респираторот откако го зафати треска. Состојбата засега е под контрола… Но, чувајте нѐ и нас и Ник во вашите молитви, изјави сопругата на глумецот, Аманда Клутс.

Кордеро (41) и Клутс пред 10 месеци го добија синот Едуардо.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2020 13:36