Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот ќе имаат корисниците на потегот од Веро-Џамбо до улицата „Ленинградска“, амбулантата на МВР и Полицијата.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на водоводна цевка со пречник од 200 милиметри на булевар „Кочо Рацин“ бр.75 во населба Центар.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2020 11:14