Ѕвездата од оскаровскиот филм „Милионер од гетото“ (Slumdog Millionaire), како и од „Животот на Пи“ и „Светот Јура“, индискиот глумец Ирфан Кан почина на 53 години.

Глумецот починал во болница во Мумбај, Индија.

Нему 2018 година му беше откриен ендокрин тумор – ретка болест поврзана со хормоните и крвта.

Како што јави Би-би-си, последните информации говорат дека тој бил примен в болница со инфекција на дебелото црево, како последица од ракот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2020 13:11