Согласно одлуката на Советот на Општина Охрид, јавното претпријатие „Билјанини извори“ од денеска го презема на времено стопанисување и одржување земјиштето долж Студенчишкиот канал на Охридското Езеро каде се врши сидрење на пловни објекти.

Станува збор за земјиште со вкупна површина од 14.426 метри квадратни, со кое во иднина ќе стопанисува општинското јавно претпријатие.

Се повикуваат сопствениците на пловни објекти да се обратат до дирекцијата на „Билјанини извори“ за натамошно регулирање на начинот на кој во иднина ќе можат да ги користат површините за сидрење на пловните објекти.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2020 15:03