Гостиварското муфтиство организира хуманитарна акција со која денеска ќе се распределат триста пакети за верниците од социјално загрозените семејства додека траат рамазанските пости.

Имамите, муезините на околу 70 џамии во гостиварско и сите вработени во муфтинијата издвоија по 15 до 20 проценти од нивните плати. Со собраните пари набавени се околу осум тони прехрамбени продукти. Пакетите ќе бидат распределни со помош на имамите и џамиските одбори каде се направени списоци.

Гостиварскиот муфтија Шаќир Фетаху им се заблагодири на соработниците за покажаната хуманост, а на верниците им посака лесен пост. Тој на заболените од КОВИД 19 им посака да заздрават побрзо и искажа сочувство до семејствата кои ги загубиле најблиските од последиците на болестта.

Во акцијата на гостиварското муфтиството, вработените собраа пет илјади евра, а еден верник донирал 500 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2020 15:35