Пронајдени се експлозивни направи на местото „Буковик”, пехчевско. Според информациите на полицијата, експлозивните направи од минофрлач и топ се пронајдени во текот на вчерашниот ден во близина на патот кој води кон планината Кадица.

-На патот кој води кон Кадица, на место викано „Буковик“, биле пронајдени експлозивни направи, една од минофрлач, калибар 82 мм и една неексплодирана експлозивна направа од топ, калибар 75 мм, се вели во соопштението од МВР.

Направите како што стои во официјалното соопштение биле пронајдени во текот на вчерашниот ден во 12:15 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Пехчево.

Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување-Берово, пронајдените експлозивни направи биле подигнати за понатамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2020 13:03