Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун смета дека тркачката серија ќе може успешно да ја започне сезоната во Австрија.

Во моментот, почетокот на сезоната е планиран на почетокот на јули со две трки на „Ред Бул Ринг“.

– Од гледна точка на логистиката, нема да биде лесно да се проверат сите за вирусот пред да ги пуштите луѓето во боксовите и да им дозволите да се натпреваруваат. Покрај тоа, откако ќе проверите, повеќе нема да сакате да ги пуштите луѓето надвор од оваа тркачка околина, затоа што тогаш ќе треба да одржиме ново Гран При. Исто така, не е лесно да се изберат држави во кои би можеле да ја започнеме сезоната, контролирајќи ја ситуацијата.

Австрија е многу погодна за почетокот на сезоната. Веднаш до патеката има локален аеродром каде луѓето можат да летаат со чартер-летови. Тркачката патека има одлична инфраструктура и се наоѓа далеку од мега-градовите. Затоа, со пристигнување таму ќе биде погодно да се спроведе веднаш и втората трка следната недела, изјави Браун.

За жал, трките ќе се одржат без навивачи, но сепак мислиме дека можеме да имаме одлично Гран-при за гледачите кои ги гледаат трките на ТВ. За нас е важно да ја започнеме сезоната. Една од причините е да ги израдуваме навивачите кои се многу вознемирени поради сите овие одложувања, додаде Браун.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2020 23:46