Во текот на изминатото деноноќие, за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, односно во Кичево во целост се почитувало забраната за движење.

Во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, вкупниот број на лицата во самоизолација, изнесува 63 лица од кои пет во Кичево.

Полициските службеници извршиле 94 контроли на угостителски и други објекти.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2020 21:58