Велешани овој последен празничен ден од викендот до почнување на полицискиот час, го искористија за прошетка на омилениот рекреативен центар на велешкото езеро „Младост“.

Најголем дел беа седнати на видоковците покрај езерото, а дел од посетителите се шетаа на пешачката патека од другата страна на езерото „Младост“ .

И покрај променливото време- облачно па сонце пропратено со силен ветер, сепак голем дел велешани денешниот последен празничен ден го искористија барем на неколку часа за прошетка во природа на чист воздрух.

Голем дел од граѓаните беа во своите викенд куќи во новоизградената Сателитска населба над велешко езеро.

Но поради состојбата со Ковид-19 и затворањето на рестораните и мотелите изостана традиционалното пиењето кафе во популарните „Романтик“ и „Бела вода“,кои се затворени.

Поради состојбата со Ковид -19 можеше да се забележи дека посетителите на рекреативно место езеро „Младост“ ги почитуваат препораките од Владата за носење заштитни маски и држење на соодветно растојание без групирања.

Над велешкото езеро „Младост“ може да се забележи дека во пооделни делови се обновува и веќе раззеленила дел од опожарената шума по големиот шумски пожар од крајот на август минатото лето. Воедно дел од изгорените борови стебла се исечени и дел сеуште се сечат и складираат.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2020 21:59