На местото каде сега е пистата за Формула 1 во Мексико ќе биде изградена болница.

Мексиканскиот Институт за социјална заштита соошти за почеток на работи за изградба на времена болница за пациенти со Ковид-19 на местото на автодромот Браќа Родригес, – писта што е домаќин на Гран При во Формула 1 од 1963 година.

Болницата во Мексико Сити ќе биде со 218 легла за пациенти со симптоими на новиот коронавирус. Од тие, 28 кревети ќе бидат за интензивна нега, а останатите во осум одделенија со по 24. Мексико Сити е на врвот на градови во кои има заразени луѓе – во моментот 6.471. Пикот се очекува меѓу 15 и 50 мај, соопштија властите.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2020 10:51