Глумецот Хафтор Бјорнсон, нам познат по серијата „Игра на престолите”, го собори светскиот рекорд во дисциплината „мртво дигање тегови”.

Популарниот сер Грегор „Планината” Клегејн, својот рекорд го постави во вежбалница на родниот Исланд. Тегот беше тежок 501 килограм, а тој издржа две секунди, по што следеше и победничкиот крик.

Настанот го пренесуваше ЕСПН, а снимка е објавена и на Јутјуб-каналот на Бјорнсон. Глумецот, висок 2,05 метри, во 2018 година победи на натпревар за најсилниот маж на светот.

– Прилично сум горд, знаете. И многу сум среќен, вели Бјорнсон во видеото.

Претходниот рекорд во „мртво кревање” од 2016., му припаѓаше на Британецот Еди Хол, кој стана првиот човек којшто подигнал тег од 500 килограми.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2020 11:36