Оштетен е асфалт од патеки на Спомен костурницата во Неготино, реагираат неготинци кои живеат во близина. Тие се жалат дека поради дождовите од изминатиот период, асфалтот се кршел и на одделни места, патеките во паркот биле поткопани.

Реагираат дека на долниот дел немало регулиран одвод и тоа правело проблеми. Според нив, постоела опасност и за деца ако се возат по асфалтот. Велат дека со секој поголем дожд, дупката се зголемувала.

Од Општина Неготино рекоа дека станува збор за оштетување од дождовите, кое ќе се санира во најскоро време.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2020 12:01