Времето од утре ќе биде стабилно, освен в среда, кога ќе има повремен дожд, а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура во Скопје утре ќе биде 5, а максималната 23 степени.

В среда, пак, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната од 13 до 20 степени. В среда и в четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2020 13:44