Кичевци целосно ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие, информираат од СВР Охрид.

Во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 51 контрола на лицата во самоизолација, од кои шест во Кичево, како и 59 контроли на угостителски и други објекти , додаде Димоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2020 13:30