Денеска околу 11:45 часот во атарот на село Василево избувна пожар на отворено, кој зафати сува трева и грмушки на околу еден хектар, информираат од Територијалната против пожарна единица на Струмица.

Според информациите од пожарникарите пожарот е угаснат, а во интервенцијата учествувале едно против пожарно возило и тројца пожарникари

На овој терен често пати избувнуваат пожари и досега е причинета голема материјална штета.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2020 14:53