Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просечните и бележат благо намалување во однос на вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок се Треска на мерното место кај Македонски Брод и Радика кај Бошков Мост, каде нивото е малку повисоко од повеќегодишниот просек за мај, и Пчиња кај Пелинце и Крива Река кај Крива Паланка каде нивото е исто со вчерашното.

Ист водостој како вчера имаат и трите природни езера, но нивото на Охридското и Преспанското Езеро е пониско од просечното и тоа за еден сантиметар кај Охридското, односно за 97 сантиеметри кај Преспанското, додека кај Дојранското Езеро е за 2,95 метри повисоко од просекот за овој месец.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 11:37