Вечер ќе започне одржувањето на серијалот „Корона дијалози“ што ќе опфати повеќе онлајн дискусии за влијанието на пандемијата врз општественото живеење и секојдневните текови.

Првата тема на вечерашните Корона дијалози е „Влијанието на новите предизици од панделијата врз високото образование„ каде што ќе говорат министерот за образование и наука Арбер Адеми, ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски, ректорот на УКИМ проф.д-р Никола Јанкуловски, ректорот на УЈИЕ академик Абдулменаф Беџети, проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски и проректорот на УГД проф.д-р Мишко Џидров.

– Во функција на новонастаната ситуација и оддржување на духот и мотивот кај студентите и професорите на Универзитетите, ќе се одржат серија активности во овој период со кој непосредно ќе се оствари влијание во справувањето со новите предизвици и креирањето на јавните политики чија промена е нужна, смета иницијаторот и модератор на овие дијалози проректорот на УКЛО Ѓуровски и професор на Факултетот за безбедност-Скопје.

Следни теми на корона дијалозите што ќе се одржуваат преку електронска комуникација секоја среда се: влијанието на новите предизвици од пандемијата врз економијата, развојот, правно-политичките и меѓународни аспекти, туризмот, локалниот и регионален развој, студентите и нивото студирање, психолошкиот развој и предизвици…



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 11:41