ЈП „Плаваја“ од Радовиш постави нови 10 контејнери за селекција на стаклен отпад на исто толку локации низ градот, соопштија од радовишкото комунално претпријатие.

Оттаму додаваат дека радовишани досега се покажале како одговорни во селекцијата на стаклен отпад и со поставувањето нови се овозможува уште повеќе да се зголемува свеста за правилно одложување на отпадот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 11:56