Во Тетово изминатото деноноќие првпат немало лица кои се упатуваат за 14 – дневна изолација во своите домови како суспектни на Ковид-19, соопшти тетовската полиција. Немало потреба од издавање решенија од Државен санитарен и здравствен инспектора или изјави за самоизолација.

-Во периодот 5/6 мај контролирани се 115 лица со веќе постоечки решeнија за изолација и 35 лица со потпишани изјави за самоизолација, додека нема предупредени за неносење на заштитни маски, соопшти портпаролот Марјан Јосифоски.

Во текот на деноноќието нови шест лица се откриени за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ според член 206 од Кривичниот законик и прекршување на полицискиот час.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 13:19