Во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Дебар, кој со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа,во тек е распределбата на бесплатните сим телефонски картички, за следење на онлајн настава за децата од училишна возраст на корисниците на гарантирана минимална помош.

Распределбата почна на крајот од минатиот месец, но како што потврдуваат од установата неподигнати се уште 161 картичка.

Поради тоа ги повикаат корисниците кои до сега не ги подогнале сим телефонските картички тоа да го направат што е можно побрзо.

-До сега бесплатни сим телефонски картички за следење на онлајн настава за децата од училишна возраст на корисниците на гарантирана минимална помош, кои настава следат во основните и средните училишта,ги имаат подигнато 319 корисници. Вкупниот број на картичките кои треба да се распределат е 480 што значи дека се останати неподигнати уште 161 картичка. Апелирам до корисниците тоа да го сторат што побрзо, вели Крешник Пачуку, директор на Центарот.

Сим картичките се подигаат во просториите на центарот од 10:00 до 14:00 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2020 12:46