Гордана Димитриеска-Кочоска, дополнителна заменичка министерка за фининасии во своето гостување на телевизија 24 зборуваше за првиот сет на мерки поврзани со ковид ситуацијата каде посочи дека за нејзе е многу разочарувачки тоа што само половина од компаниите кои аплицирале за овие мерки добиле помош за излез од кризата.

-Првата мерка која што ја спремија беше околу 5.7 милиони евра и од тие 5.7 милиони евра што го видов како податок е дека 2.2 милиони евра се одобрени што значи што се случува, погрешни беа поставени критериумите, нема заинтерсираност за мерката.Не може имаме криза и еден куп компании имаат проблем со ликвидниста, а таму не аплицирале. Ако е точен податокот од 1300 компании кои аплицирале, 631 имат искористено што значи повеќе од компаниите се одбиени. Тука за мене е многу разочарувачки моментот 2.2 милиони да се искористат од 5,7 милиони евра расположливи односно тоа е половина од компаниите, истакна Димитриеска Кочоска.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2020 00:58