Во текот на изминатото деноноќие, за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на Ковид-19, во Кичево нема прекршување на полицискиот час, ниту кражби или сообраќани незгоди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На територија на СВР Охрид, каде што припаѓа и општина Кичево, појасни, извршени се 39 контроли врз лица кои се наоѓаат во самоизолација, од кои седум во Кичево. Во истиот период извршени се и 75 контроли врз угостителски објекти и таму не се регистрирани прекршување на мерките, додаде Димоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2020 14:16