Амбасадата на Словачка во Скопје известува за нов повик за доделување една стипендија на кандидат од Македонија за учество на 60. Летна школа по словачки јазик и култура (Studia Academica Slovaca).
Како што објави Министерството за образование и наука, Летната школа ќе се одржува од 28 јули до 17 август 2024 со физичко присуство на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Коменски“ во Братислава и од 29 јули до 9 август 2024 година со виртуелно присуство.
Во објавата на МОН се наведени веб-страници на кои се достапни повеќе информации за Школата и за апликацијата со која кандидатите треба да конкурираат, најдоцна до 7 мај 2024.
МОН, исто така, го објави и известувањето на Амбасадата на Индија во Софија дека Индискиот совет за културни односи (ICCR - Indian Consul for Cultural Relations) доделува една стипендија за студенти од Северна Македонија за индиските универзитети и институти за академската 2024-2025, која почнува во август 2024.
Во објавата е достапна веб-страницата со информации за стипендијата за која аплицирањето ќе трае до 31 мај 2024