На 10.05.2020 во 04.00 часот во СВР Скопје, Ф.Р.(29) од Скопје пријавил дека околу 03.30 часот на ул.Перо Наков во Скопје починала М.К.(30) од Тетово со моментално престојувалиште на ул. Перо Наков.
Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт. Известен е јавен обвинител по чија насока телото е дадено на обдукција.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.