Полицајците од СВР Охрид и нивните колеги од подрачните единици денеска ќе добијат маски за заштита, ракавици и антисептик гелови, донација од Програмата за прекугранична соработка ИПА II меѓу Република Македонија и Република Албанија.

На врачувањето на донацијата, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за локална самоуправа Горан Милевски, шефот на Економскиот оддел при Делегацијата на Европската комисија во земјава Фрек Јанмат, како и претставниците на Министерството за внатрешни работи и СВР Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2020 10:17