Основното јавно обвинителство во Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 21 лице за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

-Сите обвинети го прекршиле полицискиот час, односно не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на државата, донесена со цел сузбивање и спречување на ширењето на заразната болест. Во часовите кога движењето е забрането, тие биле затекнати на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Јавните обвинители за секој од обвинетите предложиле парична казна од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2020 11:51