Како што информираат од СВР Велес во изминатите 24 часа на нивната територија која ги опфаќа Велес, Кавадарци и Неготино немало прекршување на полицискиот час. Но затоа вчера имало две лица, по еден во Велес и во Неготино, кои не ги почитувале мерките. Најмногу прекршувања изминатиот викенд имало во петокот наспрема саботата – пет, и тоа тројца во Велес и двајца во Неготино. Во Кавадарци полицијата не евидентирала прекршители.

Според информацијата од портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски во петокот спрема сабота има нови 39 лица со решенија за изолација и пет со изјава са самоизолација и сите во Велес. Вчера немало нови регистрирани лица со решенија за изолација, а со изјава за самоизолација има три лица и тоа едно во Кавадарци и двајца во Неготино.

Во изминатото деноноќие од вчера до утрово до 5 часот, во овој период има 19 нови регистрирани лица со Решенија за изолација и сите се во Велес, а со изјава за самоизолација има две лица, и тоа, и двете во Велес.

Вкупно со решение во изолација има 161 лице, од кои 156 во Велес, пет во Неготино, а со изјава за самоизолација има вкупно 45 лица, од кои 29 во Велес, девет во Кавадарци и седум во Неготино.

– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки, информира Додевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2020 15:14