Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација" – Скопје во периодот од четврти до осми мај годинава зема 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Град Скопје.

-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), соопшти „Водовод и канализација"-Скопје.

Од претпријатието информираат дека со цел подобра информираност на граѓаните на Град Скопје, го објавуваат неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2020 15:46